Вести Култура

Сопранот Ермонела Јахо и тенорот Чарлс Кастроново ќе го отворат 66. Охридско лето

Спој на традицијата и современите уметнички текови донесува претстојното 66. издание на фестивалот Охридско лето, кажа на денешната прес конференција министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Со 48 настани и учество на над 700 уметници од земјава и странство, програмата на нашиот најреномиран летен фестивал вклучува музички настани од различни формации, театарски премиери и балетски остварувањата, избрани од селекторите Симона Ѓорчева и Ненад Витанов. Отворањето на фестивалот е традиционално во Античкиот театар, на 12 јули, каде на концертот под наслов „ Љубов“ ќе настапат уметници од светската оперска елипа, рече директорот Ѓорѓи Цуцковски.

  • Под диригентската палка на маестро Марко Боеми од Италија, со настап на големата оперска дива Ермонела Јахо од Албанија и светски реномираниот тенор Чарлс Кастроново од САД, во придружба на оркестарот на Националната опера, ќе ја почувствуваме моќта на музиката во нејзината највозвишена форма, вели Ѓорѓи Цуцковски, директор на фестивалот Охридско лето.
  • Овде станува збор за програма која внимателно ги спојува традицијата и современите уметнички текови, нудејќи доживување достојно за угледот на фестивалот, кој над шест децении претставува симбол на уметничкиот и културниот идентитет.Тој ја афирмира нашата земја како значајна дестинација на светската културна мапа, кажа Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Сотир Трајков

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе