Вести Економија Топ вести

Казна од шест милиони евра му висат на МЕПСО поради раскинување на договор со Енергоинвест

Раскинувањето на договорот за енергетското поврзување со Албанија е неоправдано. Одборот за решавање на спортови пресече –  Инженерската компанијата Енергоинвест од Босна и Херцеговина има прави да бара 6 милиони евра од МЕПСО поради тоа што преносниот систем го прекина договорот со фирмата која требаше да го гради далноводот до Битола до Елбасан. Ова е објавено и на страната на сараевската фирма, но ја пренесоа и медиуми.

Пишува и дека одборот ја отфрлил и тужбата од страна на МЕПСО во висина од 19, 3 милиони евра против Енергоинвест. Во сумата која фирмата може да ја бара од преносниот систем е пресметана и камата.

Телма побара одговори од МЕПСО, дали се известени, дали ќе се жалат и колку одлуката влијае на кредибилитетот на фирмата. Од таму тврдат дека одлуката за раскинување на договор е донесена според анализа на целиот проект од страна на угледна консултантска куќа, а најавија правна битка.

Станува збор за предарбитражен механизам, кој не претставува конечна и правосилна одлука. МЕПСО ќе поднесе формално писмо, нота на несогласување со одлуката на Одборот за решавање на спорови, со што ќе ги започне сите постапки за заштита на државниот интерес.

Во однос на угледот на компанијата, сметаме дека ваквите постапки не само што не го нарушуваат, туку напротив, го потврдуваат кредибилитетот на МЕПСО како институција која одговорно управува со јавни средства, соопштија од преносниот систем МЕПСО

Пред крајот на 2024 година МЕПСО одлучи да го раскине договорот со Енергоинвест ДОО Сараево Босна и Херцеговина, кој требаше да го гради 400 киловолтен  далекувод од Битола до македонско – албанска граница.

Образложението од МЕПСО тогаш беше дека од компанијата неколку пати го напуштале градилиштето,  барајќи дополнително зголемување на цените со образложение од фирмата дека има поскапување на градежните услуги. Ова било одбиено од преносниот систем, а преговорите по барањето на Енергоинвест не успеале, по што МЕПСО го раскинал договорот.

По, ова беше објавен и нов тендер за избор на изведувач. На крајот на минатата година падна одлука хрватскиот конзорциум Далекувод да го гради далноводот.

Пред неколку дена пак  беше поставен камен темелник во близина на Ќафасан. На свечениот настанот говор имаа премиерот Мицкоски, директор на МЕПСО Љатифи, министерот за инфраструктура и енергетика на Албанија, министерката за енергетика Божиновска.

Се соопшти дека за најмалку три години треба да биде прикачен на енергетска мрежа и 400 киловолтен далекувод Битола – Елбасан. Поврзување со Албанија почна уште во 2021 година.

Ирена Чачкова 

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе