Uncategorized Вести Македонија

Филипче: Мицкоски ретерираше за забраната за двојни државјанства

Премиерот Мицкоски ретерираше од предлогот поднесен од пратениците на ВМРО ДПМНЕ – пратениците да немаат двојни државјанства – рече денеска на прес конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче.

„ Уште една нивна лага е разобличена, поради тоа што министри и пратеници на ВМРО ДПМНЕ, градоначалници, функционери, директори на јавни претпријатија имаат бугарски пасоши. Толку од нивниот патриотизам. Лажниот патриотизам секој ден излегува на виделина“, рече Филипче

Според Филипче, Мицкоски ретерирал за законот за забрана за двојни државјанствата со најавата дека допрва ќе консултираат правни експерти.

„Премиерот ќе барал мислење од правни експерти. Зошто не побарале претходно? Зошто не побарале мислење од правни експерти пред пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поднесат тој закон во Собранието?“ рече Филипче.

Ова според Филипче следувало откако од СДСМ најавиле дека ќе поднесат амандмани забраната за двојни државјанства да важи и за актуелниот пратенички состав и да се прошири опсегот не само за пратениците туку и за сите избрани и  именувани функционери.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе