Вести Свет

Американскиот секретар на морнарицата Џон Фелан ја напушти фунцијата

Секретарот на морнарицата Џон Фелан ја напушта својата позиција, објави ненадејно Пентагон.

Не беше наведена причина за неочекуваното заминување на највисокиот цивилен функционер на морнарицата, кое доаѓа во време кога поморската служба воведе блокада на иранските пристаништа.  Функцијата ја презема вршителот на должноста шеф на морнарицата: потсекретарот Хунг Цао.

Заминувањето на Фелан е последното во низата промени во врвното раководство во Пентагон, што доаѓаат само неколку недели откако министерот за одбрана Пит Хегсет го отпушти највисокиот униформиран офицер на армијата, генералот Ренди Џорџ. Хегсет, исто така, отпушти неколку други врвни генерали, адмирали и лидери на одбраната откако ја презеде функцијата минатата година.

Фелан не служел во војската, ниту имал цивилна лидерска улога во службата пред Трамп да го номинира за секретар, но беше голем донатор на кампањата на американскиот претседател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе