Се намалува откупната цена на пролетната зелка во струмичко. Бербата е во ек, а пласманот станува неизвесен. Земјоделците сметаат дека доколку цената се спушти под 20 денари за килограм, ќе биде тешко да се прганизира следна производствена сезона, бидејќи нема да им се поркиваат ниту прозиводствените трошоци.
Најголемиот страв на земјоделците е дека ако продлжи да паѓа цената ќе остане во нивите пролетната зелка посадена на отворено.
Земјоделскиот производител и агроном Ристо Велков вели дека годинава е плоша од претходните во однос на откупот на зелката. Тоа се одразува на целиот производствен процес. Најголем предизвик според него е слабиот извоз на оваа култура.
„Сведоци сме од претходните години дека оваа сезона е послаб откупот иако цената е пониска за разлика од лани и полани. Ако продoлжи вака, со откупна цена која во моментов е 25 денари, ќе им биде тешко на производителите, бидејќи за разлика од производите кои се нестабилни трошоците, речиси континуирано растат“, вели Ристо Велков, агроном и производител.
Грубите проценки се дека површините под пролетна зелка во струмичкиот регион се околу илјада хектари.
Сузана Мицева
