а Иран „финансиски колабира“ поради затворањето на виталната Ормуска Теснина, ова на својата социјална мрежа го напиша претседателот на САД Доналд Трамп.
„Иран финансиски колабира! Сакаат Ормуската Теснина веднаш да се отвори. Гладуваат за готовина! Губат 500 милиони долари дневно. Војската и полицијата се жалат дека не се платени“, напиша тој на Truth Social.
Трамп претходно објави дека Техеран изјавил оти го поддржува затворањето на теснецот за да го „зачува образот“ под американската блокада на иранските пристаништа.
