Вести Најважни Свет

Трамп го продолжи примирјето, но Револуционерната гарда започна да напаѓа бродови

Американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи на неопределено време примирјето со Иран, но тоа не беше доволно да се смират тензиите и нападите да престанат. Напротив, Иранската Револуционерна гарда денеска отвори оган кон два трговски бродови кои поминувале низ Ормускиот теснец, тврдејќи дека не се одзвале на нејзините наредби да застанат.

Ова претставува сериозно нарушување на ситуацијата во момент кога целиот свет очекува да види дали мировните преговори воопшто ќе продолжат, или војната повторно ќе се разгори.

Соопштувајќи ја одлуката, нормално преку социјалните мрежи, американскиот претседател посочи дека таа е резултат на барање од пакистанските медијатори и ќе остане во сила се додека Иран не ги претстави своите предлози. Американската поморска блокада на Иран, исто така останува во сила.

На еден или на друг начин, преговорите ќе завршат, порача Трамп.

Белата куќа се чини многу контрадикторна во своите пораки околу овие преговори. Имате повеќе високи претставници гостуваат по телевизии, опишувајќи еден план за преговорите, кога тие ќе започнат, и кога Венс ќе пристигне во Пакистан. Потоа, истиот ден претседателот Трамп ќе објави дека преговорите може и нема да се одржат во следните ден, два. Мислам дека дел од тоа се должи на способноста на Иран да ги искористи шансите да ја зајакне својата позиција, и мислам дека тие сега молчат дали ќе одат или не во Исламабад, делумно како реакција на усогласеноста на пораките од Белата куќа, смета Џејсон Кампел од Институтот за Блиски исток.

Неофицијалните пораки од Исламската република пак се дека продолжувањето на примирјето нема никакво значење, затоа што Иранците целиот мировен процес го гледаат како одолговлекување од страна на Вашингтон пред повторно да нападнат

Иранските напади и одложувањето на преговорите го ставаат целиот регион на Персискиот залив во опасна состојба на несигурност. Опасна затоа што во моментов ниту една од страните нема доверба во другата дека искрено преговара и ова е ситуација која на никого не му одговара.

Ормускиот теснец во моментов е премногу опасен за било каков транспорт. Од една страна Иранците напаѓаат бродови кои се обидуваат да поминат, додека пак од другата страна Американците не им дозволуваат премин на бродовите кои испловуваат од ирански пристаништа.

Крајниот резултат е штетен како за иранската економија, така и за глобалната.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе