Вести Македонија Најважни

Почна процесот за укинување на техничката влада

Шеесет и седум пратеници гласаа „за“ да почне процесот за укинување на техничката влада на 100 дена пред избори. Законското решение предвидува елиминирање на досегашниот модел кој се применува од 2016 година, откако една година претходно, беше донесен Пржинскиот договор. Во образложението од Владата, која е предлагач, стои дека, целта е да се обезбеди поголема стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес преку доследно заокружување на реформските процеси.

Опозицијата побара да се симне од дневен ред затоа што е дел од реформската агенда и треба да се укине на ист начин на кој е и донесен. Еден од аргументите на мнозинството зошто опозицијата не треба да се плаши дека потегот е насочен против нив е и тој што се предлага законот да не важи од следните парламентарни избори, туку од тие по нив.

Според договорот, техничката влада стапува на сила сто дена пред парламентарните избори, со цел да обезбеди фер и демократски избори.Во неа, министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика ги предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието. Опозицијата, исто така, предлага дополнителни заменици-министри во уште три министерства.
Се менува и премиерот, но на предлог на актуелната власт.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе