Раст на трговската размена од 18,9 отсто во 2025 година во однос на 2024-та, само во првите два месеца од оваа година била 374 милиони евра, а вкупната билатерална трговска размена меѓу Велика Британија и Македонија во 2025 година изнесуваше 1,6 милијарди фунти. Сето тоа ја правi земјава најголем трговски и инвестициски партнер на Обединетото Кралство на Западниот Балкан, порача денеска британскиот амбасадор Метју Лосон по повод три години од формирањето на Британската бизнис заедница во земјава.
„Формирањето на Британската бизнис асоцијација (ББА) се совпаѓа со период на значајни пресвртници во билатералните односи, се надоврза на одбележување на 30 години дипломатски односи, а се зајакна со потпишување на Стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство. Овој договор ќе ги поддржи критичните инфраструктурни проекти во транспортниот, енергетскиот, здравствениот и технолошкиот сектор, како дел од рамката за финансиска поддршка од 5 милијарди фунти“, рече Лосон.
С.Д.
