Вести Македонија

Компаниите и УГД Штип во заедничка мисија за задржување на младите кадри во земјава

Бизнис секторот воспоставува врска со средношколците и студентите на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ Штип. Над 50 компании се претставија на Отворениот и кариерен ден. Македонските компании се се поактивни на терен, со цел да ги привлечат младите и останат во државата.

„Постои тренд да компаниите се поактивни од порано. Тие нудат пракси, тие нудат дури платени пракси, нудат менторства, програми за да ги привлечат младите луѓе и да соработуваат“, изјави Дејан Мираковски ректор на УГД-Штип.

Од Стопанската комора сметаат дека реформите со дуалните паралелки во средните училишта се успешна приказна за македонското образование и бизнис секторот. Околу 4.000 компании се вклучени во практичната настава на средношколците. Истите реформи ги бараат и од македонските Универзитети, со цел да добијат високо квалификуван кадар во фабричките погони.

„Како што беше споменато недостигот на високо квалификувана работна сила се повеќе ќе станува хроничен проблем, а спојувањето на практиката и науката уште од самиот почеток на профилирањето на кадрите и те како може да придонесе да имаме лесно вработливи и препознаени кадари на пазарот на труд“, вели Татјана Штерјова Душковска Стопанска комора на Македонија.

Градот во кој текстилната индустрија е во слободен пад, изминатата деценија се развива инфраструктурно за потребите на студентите, како втор универзитетски центар. Според градоначалникот Јорданов на стопанските капацитети им недостасуваат инжињерски кадар.

„Трудоинтензивната дејност е дејноста која го намалува интензитетот на работа. Не само заради намалување на профитот, туку и заради се помалиот број на работоспособна, односно заинтересирана работна сила во овој сектор“, додава Иван Јорданов градоначалник на Штип.

Отворените и кариерни денови на универзитетите им помагаат на средношколците да ја избират својата идна професија, а во Штип се организираат веќе втора година од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ во соработка со Стопанската комора на Македонија и Општината.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе