Иранската војска се закани дека нивните сили ќе нападнат американски и израелски цели со полна сила доколку го нападнат Иран.
Иранската државна телевизија објави изјава од портпаролот на централниот штаб дека иранската армија ќе им одржи на Америка и Израел уште построга лекција од порано, опишувајќи ги како убијци на деца.
Соопштението на иранската заедничка команда дојде речиси истовремено со најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за продолжување на прекинот на огнот со Иран.
- Во светлината на повторените закани од претседателот на САД и командантите на агресивната и терористичка армија на таа земја, со акцент на целосна подготвеност, Иран предупредува: Во случај на агресија и каква било акција против исламски Иран, вооружените сили на Исламската Република Иран веднаш ќе ги нападнат однапред одредените цели со сила и ќе им одржат уште една лекција на агресивната Америка и на ционистичкиот режим што убива деца, построго од порано, стои во соопштението.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
