Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на планетата Земја, кој Обединетите нации го прогласија за ден посветен на борбата против загадувањето на животната средина.
Денот на планетата Земја, кој секоја година се одбележува на 22 април, е глобален настан кој има за цел да ја истакне важноста на заштитата на животната средина.
Денот почна да се одбележува во 1970 година од Гејлорд Нелсон, американски сенатор и екологист, и Денис Хејс, дипломиран студент на Универзитетот Харвард.
И двајцата беа загрижени поради штетите врз животната средина во САД, како што беше онаа предизвикана од големото излевање на нафта во 1969 година во Санта Барбара, Калифорнија.
На денешен датум во 1970 година, околу 200.000 луѓе протестирале против загадувањето на животната средина.
Иако почнал како американски настан, во 1990 година Денот на планетата Земја стана меѓународен, мобилизирајќи 200 милиони луѓе во 141 земја.
Се проценува дека денес над милијарда луѓе учествуваат во активности во речиси 200 земји. Главната порака секогаш е насочена кон одржливоста и начините на кои секој поединец може да придонесе
