Вести Македонија

„Заглавени“ автомобили на граѓани на шпедитерски паркинзи – Шваке системот за проценка е нефункционален поради глобален сајбер напад

Електронскиот Шваке систем, германски каталог кој се користи за проценка на пазарната вредност на увезените возила, веќе пет дена е надвор од функција. Причина е, како што соопштија од Царина, е неодамнешен сајбер напад на глобално ниво. Од Царинската управа очекуваат системот да профункционира до крајот на недела, а дотогаш ќе се одвива етапно царинење на увезените автомобили.

„Со цел олеснување на увозот и непречено одвивање на процесите на царинење, Царинската управа, согласно своите законски надлежности, започнува со етапно царинење на употребувани автомобили. Притоа ќе користи други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем до којшто, во светски рамки, е оневозможен пристап поради скорешен сајбер напад. Царинската управа е во комуникација со Групацијата Аутовиста и очекуваме во најскоро време да ги надминат техничките проблеми со кои се соочува електронскиот Шваке систем, по што како и досега ќе продолжиме да ги користиме податоците од системот при утврдување на вредноста на автомобилите“, соопштија од Царинската управа.

Граѓани кои купиле автомобил во странство се соочуваат со дополнителни давачки, со оглед дека нивните возила веќе неколку дена се „заглавени“ на шпедициски паркинзи низ земјава. Од Царинската управа информираат дека комуницираат со имателите на одобренија со царински терминали за да излезат во пресрет во однос на дополнителните трошоци за престој настанати по овој основ.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе