Вести Македонија

Петровски: Ќе минат најмалку една до две години додека почне со експлоатација на антимон во рудникот Крстов Дол

Проектот за ископ на антимон во рудникот Крстов Дол кај Крива Паланка е во почетна фаза на истражување, истражувањето обично трае една до две години, во зависност од обемот на потребните истражувања кои треба да се направат, рече Филип Петровски, советник во министерството за енергетика, во интервју во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Постојат одредени стари индиции од времето кога рабтел рудникот. Тие ќе бидат искористени и дополнително ќе се врѓи доистражување на тоа. По доистражувањето следува делот кога концесионерот прави свои пресметки, т.е. претфизибилити и физибилити студии и утврдува дали проектот натаму е исплатлив за експлоатација, кога всушност доаѓа бенефитот за Република Македонија со доаѓање на големите инвестиции“, истакна Петровски.

Концесионерот, додаде Петровски, во моментот има концесија за експлоатација на други минерални суровини.

„За да добие дозвола за експлоатација на антимон, тој мора да изврши најпрво истражување на количините на антимон, да ни достави елаборат со количините со кои ќе ни докаже дека има економска оправданост за истражување. Ако се потврди дека има економски интерес, концесионерот бара од нас дозвола за експлоатација на таа минерална суровина. За да добие дозвола за таа минерална суровина, тој мора да изготви студија за оцена за влијанието врз животната средина. Процесот не е едноставен и министерството, комплетно, ќе ги следи сите работи“, рече Петровски.

Тој додаде дека економскиот интерес е голем, како за Македонија, така и за Општина Крива Паланка, но дека тоа нема да биде единствената причина за доделување на дозволата за експлоатација.

„Сериозно ќе го земеме во предвид влијанието врз животната средина. Буквално ќе го задолжиме концесионерот да ги применува сите најсовремени технологии, како што е предвидено во новиот закон за преземање на сите мерки за рекултивација и санација на деградираните простори. И за тоа доставуваа соосдветна финансиска гаранција во вредност од 100 посто од вредноста на санацијата“, вели Петровски.

Рудникот Крстов Дол, појасни Петровски, работел пред 50-тина години и го експлоатирала државата. Затворен е, како што истакна, исклучиво поради економски причини, бидејќи цената на антимонот во тоа време била многу ниска.

„Ние располагаме со одредени минимални информации за геолошките резерви и ресурси во рудникот, меѓутоа тие се премали за да може да се каже дека рудникот понатаму може да работи. Затоа и овој договор за дополнителни детални истражувања, лабораториски истражувања и сите нужни мерки кои се потребни за проектот да биде рентабилен“, појасни Петровски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе