Вести Свет

Пакистан сè уште чека одговор од Иран дали ќе испрати делегација во Исламабад на нова рунда разговори со САД

Сè уште се чека официјален одговор од Иран за учество во наредната рунда разговори со САД во Исламабад, изјави пакистанскиот министер за информирање Атаулах Тарар.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи изрази загриженост поради американската поморска блокада на иранските пристаништа, запленувањето на ирански брод и заканата на американскиот претседател за уништување на иранската инфраструктура.

„Влеговме во овие преговори со добра волја и со сериозни намери, но другата страна покажува недостаток на сериозност и добра волја. Тие често ги менуваат позициите, овие пресврти и закани за воени злосторства“, наведе Багаи.

Тој не откри кои се условите на Иран за да се врати на преговарачката маса. Багаи потенцира дека во тек се разговори за да се создадат услови за продолжување на преговорите пред истекот на договорот за прекин на огнот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе