Веќе се одобрени пет милиони долари за натамошни истражувања за студија за економска исплатливост за експлоатација на рудата, натаму ќе следат и сите оние комплетни студии за животна средина, за заштита, итн., рече Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма за проектот за ископ на антимон во рудникот Крстов Дол кај Крива Паланка.
„Да се надеваме дека студиите ќе укажат на можноста сега истото да се искористи и да се надеваме дека ќе имаме позитивни вести и за нас и за регионот. Се разбира дека овие можности за економски развој, она што ние континуирано го посочуваме дека развојот на државата никогаш не смее да биде на штета на животната средина, но и животната средина не смее да стои како пречка на развојот“, рече Јаревски.
С.Д.
