Вести Економија Најважни

Пред Велигден инфлацијата вивна на скоро 5 отсто, за мерки ќе се чека да помине празникот

Само што почна да забавува, инфлацијата повторно вивна. Статистика измери скок нa речиси 5 отсто во март годинава, во однос на истиот месец лани. Кај цените на мало пак има зголемување од 3, 4 отсто. За евентуални мерки против скапотијата, владата ќе чека да помине Велигден.

Од извештајот на статистичарите може да се види дека за една година храната и пијалаците поскапеле за  7, 5 отсто.

Од храната најмногу на удар е овошјето. Цените тука се зголемиле за 12, 7 отсто, кај  млекото и јајцата за над 8 проценти. Поскапување од 7 отсто се забележува и кај маслото и мастите и кај житата и житните производи . Во оваа категорија влегува лебот.

Кај кафето пак има поскапување од над 25 отсто, а голем скок на цените е регистриран и кај какаото, чајот и шеќерот, но станува збор за берзански производи. Од ССМ велат дека државата до сега требала да донесе мерки. Бараат тоа да се случи веднаш за да се заштитат потрошувачите.

Но, нивниот стандард не значи само ограничување на цените на маржите преку намалување на акцизите и на ДДВ то, нивниот животен стандард значи и зголемување на нивните плати за да ја вратат куповната моќ, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов

Премиерот Мицкоски пак најави таргетирани мерки, но по Велигден. На денешната владина седница ќе се разгледувале тековни прашања.

Па, веќе следните мерки би биле повеќе таргетирани, за одредени целни групи на граѓани. За одредени призводи зборувам тука за основните прехранбени производи и тие мерки би биле комбинирани и со намалување на ДДВ но и со ограничување на профитната маржа, соопшти премиерот Христијан Мицкоски

Според, извештајот во речиси сите дејности има поскапување, кај здравствената заштита, кај рекреација, спортот,  култура. Поскапени се и рестораните и услугите за сместување. Дел од експертите пак предупредуваат дека воениот конфликт силно ќе урди на инфлацијата. Мицкоски пак викендот прв пат кажа дека пред нас е тешка година.

 Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе