Вести Економија Најважни

Акцизата оди надолу, инфлацијата нагоре, Мицкоски очекува тешка година

Ќе се намалува акцизата на горивата. По, извесен период најавување, владата се одлучи и за оваа мерка. Утре на вонредна седница ќе се носат одлуките. За дизелот ќе се спушти за четири, за бензините за два денари. ДДВ то останува 10 отсто. Со ова ќе се ублажи растот на цената на нафтените деривати. Пресметките покажуваат дека во понеделник дизелот треба да поскапи за 7 денари.  Со интервенција кај акцизата цената ќе скокне за 3 денари. Бензините пак со оваа мерка ќе поевтинат за половина денар. Дали ќе има дополнителна корекција надолу премиерот  Мицкоски кажа дека зависи и од ОКТА –  дали ќе го продолжи попустот.

Попустот беше три денари за дизел  и доколку тоа го продолжат и понатаму тоа ќе подразбира дека нема да има зголемување за дизелот, а за бензините исто така два денари тоа значи дека некаде околу половина денар ќе поевтинат и доколку ОКТА ги продолжи оние два денари за литар бензин тоа значи дека ќе имаме два ипол денари литар бензин, изјави премиерот Христијан Мицкоски

За март се очекува и скок на инфлацијата која конечно почна да забавува. Најверојатно од сегашните 2,9 отсто ќе се искачи помеѓу 4, и 5 проценти.

Министерството за финансии анализира сите оние основни прехранбени производи кои се со 5 проценти ДДВ да ги намалиме на 0 проценти да се практично без ддв. Финансии тоа го анализира, додаде Мицкоски

Од опозицијата пак излегоа со обвинување дека Владата доцни со мерките.

Еве сега допрва ќе ги разгледувале дел од мерките кои што ги предлагавме во изминатиот период за да се олесни состојбата економска и финансиска на граѓаните. Нема храброст премиерот да признае дека мерките се добри и требаше уште тогаш кога ги предлагавме да ги воведоа затоа што тогаш ќе дадеа вистински ефект, односно немаше да започне спиралата на покачување, изјави лидерот на СДСМ; Венко Филипче. 

Владините пресметки покажуваат дека околу десетици милиони евра ќе го чинат буџетот овие мерки со кои за сега се делува. И државната каса ќе се прекројува еден месец порано. Но, овој пат премиерот кажа дека пред нас е тешка година.

Информациите кои стигнувале до Владата се и дека на конфликтот на Блискиот исток нема бргу да се стави крај.

Ирена Чачкова 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе