И покрај воведените мерки на германската влада за контролирање на цените на горивата, цената на дизелот на некои бензински пумпи достигна историски рекордни 3 евра за литар, додека просечната цена изнесува 2,32 евра, објавија германските медиуми.
Супер бензинот исто така достигна рекордни 2,19 евра по литар, надминувајќи ги цените од март 2022 година поради војната во Украина.
Новите мерки, кои стапија во сила на 1 април и дозволуваат зголемување на цените само еднаш дневно, не успеаја да спречат нагли скокови.
Експертската јавност ја критикуваше владата, наведувајќи дека нафтените компании можат да ја искористат ситуацијата за драстично зголемување на цените.
Поради зголемените трошоци за гориво, германската влада размислува за дополнителни даночни олеснувања и намалување на даноците за енергетските производи.
Полска веќе најави дека ќе следи ситуацијата на својата граница со Германија, каде што германските возачи масовно купуваат поевтино гориво.
