Соединетите Американски Држави ги укинаа санкциите врз венецуелската вршителка на должноста претседателка Делси Родригез, според објава на веб-страницата на Министерството за финансии на САД, додека Вашингтон продолжува постепено да ги ублажува мерките врз Каракас.
Првично не беше наведена причина за одлуката.
САД и привремената влада предводена од Родригез се согласија да ги обноват дипломатските односи откако САД го соборија авторитарниот лидер Николас Мадуро на почетокот на годината.
Одлуката на претседателот Трамп е значаен чекор во вистинската насока за нормализирање и зајакнување на односите меѓу нашите земји“, нашиша Родригез во објава на платформата „X“.
