Вести Македонија

Објавен конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2026/2027

Министерството за образование и наука го објави  Конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2026-2027 година.

Со конкурсот се предвидени  над 25 000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив повеќе од 17 000 се во стручното образование, речиси 6000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование.

Учениците ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата каде што ќе конкурираат ќе ја доставуваат потребната документација.

Во јунскиот уписен рок ќе има две пријавувања – првото од 12 до 15 јуни и второто на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување – на 20 август.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пет лица се повредени во судир на три возила на излез од Прилеп

Дејан Дејан

УЈП го презема Претседателството на Iota: Македонија ќе ја предводи соработката на европските даночни администрации

Дејан Дејан

Франција под рекордни температури, прогласена е црвена тревога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе