Вести Македонија

Женски обезглавен труп е пронајден во близина на Зрновска река

Женски обезглавен труп е пронајден утринава во близина на Зрновска река, во нејзиниот долен тек, предел каде што жителите на Зрновци ретко поминуваат.

Од обвинителството потврдуваат дека е пронајдено тело на жена и починатата не е идентификувана.

Доцна попладнево покрај коритотo на Зрновска река и во околните ниви можеа да се забележат полоциски службеници и пожарникари кои се уште го пребаруваат теренот, бидејќи според мештаните недостасуваат делови од почината жена.

Денеска (21.03.2026) во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци во место викано Ѓошевски орев во близина на зрновска река е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот– соопштија од МВР.

Жителите на Зрновци велат дека во нивното село нема пријавено исчечнат човек и за првпат се случува ваков настан

Од обвинителството информираат дека ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени.

Инаку жената е пронајдена во фаза на распаѓање и недостасуваат делови од телото.

Сличен ваков случај се случи лани и во Штип,  жртва беше 79 годишна жена.

Дел од нејзиното тело беше пронајдено во дворотот на сторителот, а во моментов во тек е судењето  против 74 годишниот Денис Асанов обвинет за убиство.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе