Помина точно една година од најголемата трагедија во Македонија која се случи во дискотеката Пулс во Кочани. Изгубивме 63 млади животи, а повеќе од 200 беа повредени.
Една година подоцна судскиот систем се уште бара одговори за вистината преку постапка во која обвинетите тврдат дека не се виновни, сведоците ги даваат своите искази, а родителите чекаат правда.
Пред неколку часа, во 2.30 кога почна пожарот во Пулс, им беше оддадена последна почит на загинатите.

На местото на настанот покрај семејствата на починатите и бројните пријатели на собирот присустваа и претставници на граѓанското движење „Кој е Следен“ .

Оддавањето почит за жртвите во „Пулс“ продолжува и во текот на целиот ден денеска.

