Вести Свет

Макрон: Позицијата на Франција останува „одбранбена“ во војната со Иран

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека позицијата на Франција во војната со Иран останува „одбранбена“, откако француски војник беше убиен за време на напад со беспилотно летало врз курдска воена база во ирачкиот регион Ирбил.

Макрон потенцираше дека Франција ги поддржува своите сојузници на Блискиот Исток и дека „ништо не може да го оправда нападот врз  француската државата“. Тој додаде дека Франција ќе продолжи да покажува смиреност и решителност, да остане доверлива кон своите партнери, да ги штити своите граѓани и да ги брани интересите и државната безбедност.

Макрондополнително ја повтори „целосната поддршка“ на Франција и Европската Унија за Украина и вети дека ќе обезбеди заем од ЕУ од 90 милијарди евра, за време на посетата на Париз од страна на  претседателот Володимир Зеленски.

Претходно земјите-членки на Европската Унија во декември, минатата година се согласија да му обезбедат на Киев заем од 90 милијарди евра кој подоцна беше блокиран од Унгарија и Словачка.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе