Вести Македонија Топ вести

Кос: ЕУ нема да прима земји би ја поткопале одвнатре

Нема Тројански коњи, ова е пораката на еврокомесарката за проширување, Марта Кос, обраќајќи се синоќа пред Европскиот парламент за Извештајот за Стратегијата за проширување  на ЕУ изготвена од европратеникот Петрас Ауштревичиус, за која рече дека нема да има компромис со владеењето на правото, демократијата, основните права, како и несогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија.

  • „Нема тројански коњи. Земјите што би нè поткопале одвнатре не можат да станат членки на ЕУ. Мора да бидеме апсолутно сигурни во тоа. Земјите што ќе се приклучат кон ЕУ мора да бидат силни и отпорни демократии способни да се спротивстават на токсичното влијание на Русија и на другите“, рече Кос.

Освне ова Кос порача и дека граѓаните на Европската унија очекуваат и да нема скартени патишта за реформите кои треба да се спроведат, порачувајќи им на земјите-кандидати дека тоа што биле сметаани во минатото за предводници во пристапниот рпоцес, не им гарантира специјален статус, посочувајчи ги притоа Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија како земји кои во 2025 имале одлични резултати.

  • „Напредокот  мора да биде заработен повторно и повторно преку реформи. Тоа гради кредибилитет, но и сите ние знаеме дека тоа не е лесно. Кога земја-кандидат испорачува кредибилен напредок во реформите и ЕУ мора да испорача од своите обврски, исто така“, рече Кос.

Авторот на документот, Ауштревичиус, ги повика институциите на ЕУ да го одржат моментумот на процесот и да ги отстранат внатрешните пречки и да ја почитуваат предвидливата и заслужена постапка за пристапување.

  • „Проширувањето на ЕУ е директно поврзано и со вантрешните реформи на Унијата, обезбедуваќи внатрешна институционална функционалност и ефикансо носење на одлуки, особено проширеното користење на гласањето со квалификувано мнозинство“, изјави Ауштревичиус.

Стратегијата за проширување ја нагласува потребата од надминување на билатералните блокади во Европскиот совет и обезбедување на пристап базиран на заслуги.

Тамара Грнчароска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Многу е важно што нафтата паѓа – одлични работи ќе се случат на Блискиот Исток

Mirjana Joveska

Андоновски: Подготвуваме „компактен“ закон за ВИ и македонски јазичен модел кој ќе го чува нашиот дигитален идентитет

Mirjana Joveska

МВР: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе