Шпанија не успеа да го скрши отпорот на Зеленортски Острови на својот прв натпревар на Светското првенство 2026 година. Европскиот фаворит не ја оправда фаворитската улога, иако доминираше во текот на сите 90 минути против африканската селекција, која дебитира на Мундијалот.
Очекувано, шансите беа на страна на Шпанците, кои во финишот на првото полувреме сериозно се заканија во три наврати, а ја погодија и пречката. Сликата не се промени ниту во второто полувреме. Шпанија продолжи да притиска, но Зеленортски Острови со неверојатна борбеност во одбраната успеа да ги одбие сите напади и удари кон својот гол.
Во рамки на групата Х, Шпанија во второто коло ќе се соочи со Саудиска Арабија на 21 јуни, додека Зеленортски Острови ќе игра против Уругвај.
