Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести во вила „Водно“ го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава.
По церемонијалниот пречек, двајцата имаа тет-а-тет средба, по што следуваше и пленарен состанок на двете делегации.
За време на посетата, тој ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Според агендата на официјалната посета, албанскиот претседател ќе има средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, а потоа и ќе се обрати пред пратениците.
Бајрам Бегај утре е во посета на Тетово и Гостивар, полицијата ќе воведе посебен сообраќаен режим
Предмалку заврши и заедничката прес – конференција еве дел од пораките.
Б.С.
