Вести Македонија Топ вести

Владин повереник и кандидат за градоначалник на Вреди во Гостивар меѓу кандидатите за Судски совет, тие негираат политичка поврзаност

Зголемување на довербата, потранспарентен и независен Судски совет, избори по мерит систем. Петмината кандидати за член на Судкси совет на јавната расправата пред собраниска комсија за избори именувања ги кажаа мотивите поради кои се пријаивле за најмоќното судско тело. Меѓу нив и кандидат за градоначалник и владин повереник во општина Гостивар од последните локални избори.

Даути Сабаедин е нотар веќе 15 години, а претходно бил и судија и претседател на Гостиварскиот основен суд, но на последните локални избори бил кандидат на Вреди за Гостивар, првиот пат кога не се постигна цензус.

„Бев на кандидат но никогаш не сум бил член. Никогаш не сум присуствувал на состаноци на партијата. Во никој не случај немам политичка поврзаност. Со сите сум бил добар во Гостивар“, изјави Даути Сабаедин, кандидат за член на Судски Совет.

Адвокатот Фадиљ Џелили бил и судија до 2014, но си поднел оставка откако Судксиот совет му повел постапка за одговорност која вели била од политички побуди. Сега сака да стане дел од Судксиот совет за да продонесе за ефикасна судската власт. Откако во Гостивар не беше избран градоначалник есента, тој  бил  назначен за прв човек односно повереник на Владата.

„Ниту сум сега ниту сум бил член на политичка партија 25 години  но во Гостивар ме знаат луѓето па и политичките кругови бидејки имам пријатели во сите партии во сите субјекти и така ме предложија да се нафатам како стручен кадар“, рече Фадил Џелили, кандидат за член на Судски совет. 

Професор на Меѓународниот универзитет во Струга Сејфула Османи бил судија во Гостиварскиот суд, но го напуштил судството. Сега сака да се врати во највисокото судско тело затоа што тоа треба да ги заштити судииите кога политичари и функционери ќе се обидат да им влијаат.

„Го напуштив судството затоа што не сакав дап отпаднам под влијанија. Влијанието во судството е проблем кој што на цело наште општество ни создава проблеми“, објасни Сејфула Османи кандидат за член на Судкси совет. 

И поранешниот член на советот на Јавни обвинители сега адвокат Арбер Исаку сака да влезе во судското тело. Адвоактот Феузи Џафери порача дека пратениците треба да изберат член на Советот  според квалификациите, а не според нечија поддршка.

Ова е втор оглас за избор на член на Судскиот совет за место на Селим Адеми но прв по новиот закон за судски совет според кој кандидатите на јавна расправа се претставува  и одговараат на прашања на пратнеици невладини и судии .

На првиот оглас по стариот закон собраниската комисија го предложи Аљбан Кадриу во чија биографија доминираше работата во тетовската полиција. По реакции на јавноста тој оглас беше поништен, а Кадриу се пријавил и на овој оглас, но ги исполнил условите,  15 години стаж по правосуден испит.

Елена Ивановска Мукоска

Дигитална обработка: Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе