Вести Македонија Топ вести

Премиерот тврди дека нема договор за Груби, СДСМ обвинуваат за режирано сценарио

Премиерот тврди дека нема никаков договор со ДУИ околу враќањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби во државата.

Рече дека го разбира револтот на граѓаните поради домашниот притвор, но нема никаква логика да се договорил со оние што сакаат да го видат неговиот политички крај и со човекот за кој рече дека најмногу го напаѓал токму него.

Потсети дека, токму Груби го нарече „папа Мицко“, а рече и дека е директно одговорен за кревањето на дронови над семејната куќа на сестра му на Прочка и тој имот е претставуван како негов скриен имот.

Мицкоски за Груби одговараше на прашање од неговиот сопартиец, Љупчо Пренџов, кој ја отвори темата откако опозицијата побара одговор за многу актуелни теми, но не и за најконтроверзната-враќањето на бегалецот Груби.

  • Клучното прашање што требаше да го постави опозицијата, без да се плаши, е за Артан Груби. Вие сте мета на обвинувања дека првин сте го пуштиле, а потоа и сте се договориле да се врати во земјава. Обвинуваат на прес конференции, како балерина пред огледало кога е сама, а кога има натпревар, кога треба да се праша, ги нема. Па затоа, еве, јас ќе прашам, дали имате договор?, праша Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.
  • Бегалецот е обезбеден од страна на органите на редот. Сè понатаму е одлука на друга власт – тоа е судската. Тоа нема никаква врска со Владата. Но, потсвеста е чудна и сега секој од нив се преиспитува што знае ова лице. И тоа ги буши. Да не се прошири делото од „Лотарија“, па да преминеме во Здравство,одговори премиерот.

Тој потенцираше дека допрва почнува агонијата за поединци. Седницата ја следеа малкумина пратеници, а и тие што на почетокот дојдоа, брзо си заминаа. Социјалдемократите молчеа во Собранието за Груби, но и денеска, како и претходните денови испратија партиско соопштение во кое обвинија за договор меѓу владата и ДУИ.

  • „Режирана претстава на границата. Со наочари, насмевка, лисици. Фалеше уште црвен килим за Груби. Потоа крешчендо со одредување куќен притвор од обвинителството и судството под контрола на ВМРО-ОКГ. И на крај целосно разобличување. Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па излезе директорот на затворот Шутка, го демантираше Обвинителството. Јавно рече дека ниту МВР ниту АНБ не се обратиле и не побарале мислење. Нема подобра потврда од ова дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже“, соопштија од СДСМ.

Претседателот на Собранието, пак, не сакаше да коментира за враќањето на Груби, но побара политиката да се тргне од правосудството.

  • „Крајно време да престанеме да се мешаме во судството. Таа перцепција кај граѓаните дека има некаков договор остава лошо чувство кај сите граѓани, така што мојата порака би била, конечно, секоја институција да си ја врши својата работа, во овој дел судството и Обвинителството. Има процес, нека си ја вршат својата работа совесно и професионално. Тоа ќе биде доволно сите граѓани да бидат задоволени. На крајот на краиштата, битна е правдата“, изјави Африм Гаши.

Гаши порача и дека, секоја институција треба да работи совесно и професионално затоа што само така ќе се создаде правна држава.

Далиборка Демјанска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе