Вести Свет Топ вести

Ивица Дачиќ хоспитализиран со тешка пневмонија- лекарите велат следните 72 часа се клучни за стабилизација

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер, Ивица Дачиќ (60), се наоѓа на болничко лекување по ненадејното влошување на неговата здравствена состојба.

Според официјалните соопштенија од Клиниката за пулмологија при Клиничкиот центар на Србија, на Дачиќ му е дијагностицирана тешка билатерална пневмонија (двострано воспаление на белите дробови).

Поради сериозноста на состојбата, тој беше итно хоспитализиран вчера (25 февруари) околу 16:30 часот.

Министерот е приклучен на респиратор за да му се помогне на неговиот дишен систем додека терапијата да почне да дејствува.

Лекарите посочија дека следните 72 часа се клучни за неговата стабилизација.

Медиумите пренесуваат дека Дачиќ со години се бори со дијабетес, што дополнително ја комплицира клиничката слика.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово го посети Дачиќ пред неговото заминување за Казахстан. Во својата објава на социјалните мрежи, Вучиќ сподели умерено оптимистички вести:

„Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека неговата состојба е малку подобра. Верувам во неговата сила и се надевам на позитивен исход.“

Иако има знаци на благо подобрување, пулмологот д-р Спасоје Попевиќ изјави дека ситуацијата останува „многу тешка“ и дека лекарите продолжуваат со интензивна борба за неговиот живот.

Покрај државниот врв на Србија, поддршка за брзо закрепнување упатија и бројни регионални лидери, вклучувајќи го и претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Социјалистичката партија на Србија (СПС) соопшти дека веруваат во силниот дух на нивниот лидер.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе