Вести Свет Топ вести

Данската премиерка Фредериксен распиша предвремени избори – фокус на кампањата ќе биде претседателот Трамп

Данската премиерка Мете Фредериксен денес распиша предвремени избори за 24 март, во период на кризата која Трамп ја предизвика со можно преземање на данската територија Гренланд.

Фредериксен се надева дека нејзиното справување со кризата со Гренланд ќе вроди со плод кај Данците да ја гласаат повторно.

„Сега зависи од вас, гласачите, да одлучите во која насока ќе оди Данска во следните четири години. И со нетрпение го очекувам тоа“, рече данската премиерка Фредериксен.

Гласачите на оваа земјата која е членка на НАТО и Европската Унија ќе одредат кој ќе седи во парламентот од 179 членови, што вклучува по две места за пратениците што ги претставуваат Гренланд и другата полуавтономна територија на кралството, Фарските Острови.

Притисокот на Трамп за американска контрола врз Гренланд, кој кулминираше со неговата краткотрајна закана минатиот месец да воведе нови тарифи за Данска и неколку други европски земји, беше голем предизвик за данската влада во текот на изминатата година.

Минатиот месец, Фредериксен предупреди дека американското преземање на Гренланд би значело крај на воениот сојуз на НАТО. Досегашните анкети во Данска  покажуваат пораст на популарноста на социјалдемократите, а како доминатна е темата поврзана со Гренланд.

Некои од граѓани беа толку вознемирени од честите разговори на американскиот претседател за заземање на Гренланд што доведе до протести и блокади на американски производи во супермаркетите.

Фредерик Хјорт, вонреден професор по политички науки на Универзитетот во Копенхаген, рече дека кризата со Гренланд одиграла голема улога во забележителниот поттик што го добија владините партии во последните неколку месеци.

Иако Трамп веројатно нема да се појави на голем начин во изборната кампања, „тој ќе биде еден вид позадинска тема во кампањата, бидејќи тоа зборува за владината порака за важноста од тоа да се имаат компетентни луѓе на власт.

Фредериксен, централнолевичарска социјалдемократка, стана позната по своите строги имиграциски политики, кои се меѓу најстрогите во Европа. Освен тоа, трошоците за живот во Данска веројатно ќе бидат истакната тема во кампањата смета професорот Хјорт.

Парламентарните избори мора се одржуваат на секои четири години, но премиерот може да ги распише во секое време. Последните избори се одржаа на 1 ноември 2022 година и резултираа со коалиција од три партии што ја преминува поделбата меѓу левицата и десницата.

Фредериксен ја води Данска од средината на 2019 година. Доколку биде повторно избрана, тоа би бил нејзин трет мандат.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе