Вести Најважни Свет

Трамп: Голем болнички брод е на пат кон Гренланд – Данците во шок

Претседателот на САД, Доналд Трамп во објава на „Трут Сошл“ напиша дека голем „болнички брод“ е на пат кон Гренланд за да се погрижи „за многуте болни луѓе за кои никој не се грижи“. Објавата ја илустрира со ВИ фотографија од бродот УСНС Мерси (USNS Mercy) покрај која стои „На пат е“. Но, сепак, многу нешта остануваат нејасни.

„Не знаеме зошто Доналд Трамп го објавува ова токму сега. Не знаеме што мисли со тоа. Не знаеме дали навистина болнички брод е на пат кон Гренланд“, наведе Јакоб Крог, дописник на државната телевизија на Данска од САД.

Данскиот министер за одрбана Троелс Лунд Поулсен изјави дека Данска не располага со никакви сознанија дали болнички брод е упатен кон Гренланд. Воедно нагласи дека жителите на островот ја добиваат сета потребна здравствена нега.

„Нема потреба од посебна здравствена интервенција на Гренланд. Владата на Гренланд денеска се грижи за тоа, а Данска би излегла во пресрет, ако има потреба за тоа“, порача министерот.

Американската морнарица располага со два болнички брода – USNS Mercy i USNS Comfort. Според податоците на сервисот Marine Traffic, УСНС Мерси моментно се наоѓа на бродоградилиштето во американскиот град Мобајл, според Веселфајндер, и US Comfort пред 17 дена бил сместен на истата локација.

Бродоградилиштето Алабама Шипјард во Мобајл на 23 јануари објави фотографија на која се гледаат двата брода, еден крај друг, каде треба да бидат реновирани. И според податоците на сервисот Marine Traffic, двата брода се наоѓаат на бродоградилиштето во Мобајл.

Данската телевизија се обидела да добие коментар од министерот за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен и од американската амбасада во Копенхаген од каде не било можно да се добие одговор.

Објавата на Трамп дојде по неколку часа од објавата на данската арктичка команда за евакуација на еден член на екипаж на американска подморница кој побарал итна медицинска помош на седум наутички милји од Нук, главниот град на Гренлад.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе