Вести Македонија Топ вести

Македонското овчарско куче Караман стана дел од 380-те светски раси кучиња на меѓународната кинолошка мапа

Македонското овчарско куче Караман е впишано и сега е дел од 380-те светски раси кучиња на меѓународната кинолошка мапа. По децении посветена работа, селекција и научна стандардизација оваа раса станува второто овчарско куче, по Шарпланинецот, во Македонија.

„Важно е колку ти се големи сништата. Денес сме сведоци дека сонот кога е воден од истрајност, љубов и визија може да стане реалност. Македонското овчарско куче Караман по 25 години посветена, тивка и макотрпна работа на Кинолошкиот клуб М.О.К. како и Кинолошкиот сојуз на Македонија, конечно, се стекна со условно признавање од Светската кинолошка федерација. Ова не е победа на поединец, ова не е победа на една идеја, ова е победа на една истрајност, и ова е победа на непокор како на нас од клубот така и на целата Македонија“, изјави Илија Каров, претседател на Кинолошки клуб за М.О.К. 

Расата потекнува од автохтоните планински кучиња кои со векови чувале стада низ македонските планини. Сепак, процесот на создавање на расата Караман траел со години.

Значајна улога во процесот имале Влатко и Марјан Костовски кои уште од 1999 година почнале со прибирање на првите примероци, изградба на боксови и создавање услови за систематско одгледување.

„Да направиме раса на куче кое во својот назив ќе го има името Македонија, т.е. македонско овчарско куче Караман. Веднаш уште во 1999 до 2003 година почнавме со мерење на физичките карактеристики. Во тој период измеривме 237 кучиња од кои 178 мажјаци и 59 женки, и според тие мерења го воспоставивме стандардот на расата македонско овчарско куче Караман“, објасни  Марјан Костовски, поранешен претседател на Кинолошки клуб за М.О.К. – Караман.

Според досегашните истражувања, Караман е здрава и генетски стабилна раса, со изразен заштитнички инстинкт, со умерен и племенит карактер. Повеќе од 2.000 единки денес се евидентирани на територијата на државата, а најголем дел од нив и натаму ја извршуваат својата изворна функција како што е чување стока на фарми.

Сепак, според одгледувачите и друштвото, ова не е крај, туку почеток на нова фаза, а тоа е афирмација и заштита. Тие испратија апел дека за да се одржи оваа расата Караман потребна е поддршка. А за да се развиваат новите видови треба да се престане со прекумерна кастрација.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе