Вести Свет

Џонсон: Би требало веднаш да испратиме војска во Украина, зошто да не?

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во интервју за „Би-Би-Си“ изјави дека Обединетото Кралство и други европски држави би требале веднаш да испратат воени сили во Украина, дури и пред евентуален прекин на огнот со Русија.

„Ако имаме план за распоредување на сили на теренот по војната, откако Путин ќе се согласи на прекин на огнот, зошто тоа не би го сториле сега?“, прашува Џонсон.

Тој нагласи дека таквите сили не би имале борбена улога. Новинарката побара појаснување „дали тоа знали дека британски и други европски војници би требале да заминат во Украина сега, во безбедните подрачја, за да се испрати политичка порака на Москва?“. На тоа Џонсон одговори потврдно.

„Да, подготвени сме да го сториме тоа во контекст на прекин на огнот. Зошто тоа да не го сториме сега? – Не гледам никаква логична причина зошто не би испратиле некои мирољубиви копнени сили за да ја покажеме нашата поддршка, уставна поддршка за слободна и независна Украина“, рече Џонсон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе