Во анализа на британски „Би-Би-Си“ оценува дека не е изненадувачки што американскиот претседател Доналд Трамп се одлучил за поинаков правен пат за воведување нови глобални царини од 15 проценти.
Како што наведува „Би-Би-Си“, царините се централен дел од економската стратегија на претседателот, па затоа одлуката на Врховниот суд која утврди дека тој ги надминал своите овластувања кога вовел глобални царини со повикување на вонредни овластувања – претставуваше значително ограничување на неговата моќ.
Трамп најави дека неговата администрација ќе продолжи да поставува и воведува нови, законски дозволени царини во наредните месеци, тврдејќи дека тие ќе донесат уште повеќе приходи отколку претходниот состав.
Сепак, како што истакнува „Би-Би-Си“, тоа што е сигурно засега е континуираната неизвесност за бизнисите и сојузниците на САД. Некои земји, како што се Обединетото Кралство, Мексико и Германија, внимателно ја поздравија вчерашната пресуда, но рекоа дека ќе почекаат и ќе видат какви ќе бидат следните потези на американскиот претседател. „Би-Би-Си“, исто така, предупредува дека останува отворено прашање дали компаниите што ги платиле сега нелегалните царини ќе ги добијат своите пари назад.
Новите глобални царини, како што потсетува „Би-Би-Си“, може да останат во сила најмногу 150 дена без одобрение од Конгресот.
