Утрово пристигнала дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, информира „ТетоваСот“.
Според првичните информации, веднаш по пристигнувањето на известувањето се преземени стандардните безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот.
Од МВР информираат дека дојавата за бомбата била лажна, повеќе информации за случајот не се откриваат.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
