Моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, бидејќи е најмало и најстаро, беше шеговитиот коментар на претседателката Гордана Силјановска Давкова за владиниот лирџет. Потоа го сподели и нејзиниот став за владиниот авион.
„Упоребата на владиното авионче понекогаш овозможува функционално извршување на државната работа ама и поевтина опција одошто користењето на комерцијалниот лет. Е сега, не е многу пријатно, и самата кажувам дека секогаш имам дилеми кога немам друг избор, бидејќи знам дека е старо 25 години, а и купено на старо. Моите колеги претседатели велат, кога ве гледам вас навинарите, дека е многу порационално и многу поевтино да се има поголемо авионче од нашето најмало авионче, бидејчжќи тогаш со еден лет ќе може повеќемина да одат, да се вратат кога сакаат. А ни забележуваат, еве јас знам дека тоа е мој голем хендикеп, што со нас нема новинари. Со нив понекогаш доаѓаат и новинари“, изјави Силјановска Давкова.
С.Д.
