Граѓаните кои се движеа во центарот на Скопје околу 17 часот денеска имаа можност да видат диџеј кој пушташе музика на една од најпрометните скопски раскрсници. Позади него имаше транспарент „Без Усје полесно се дише“, а граѓаните кои беа во близина симпатично се придружија и играа на низата песни како од кои едната беше на Chemical Brothers – Hey Boy Hey Girl.
На транспарентот дополнително имаше и QR код кој води до официјалната страница „Стоп за Усје“ со најава дека „нешто големо се подготвува“ и дека на 27 февруари таа порака ќе одекне, а истата нема да помине незабележана.
Настанот го организираше иницијативата „Стоп за Усје“, која и претходно спроведе активности поврзани со еколошки и граѓански прашања за почист воздух во главниот град.
T.Д.
