Вести Македонија Топ вести

Три обвинителки и судија добија позитивни оценки за да продолжат како кандидати за нов државен обвинител

Советот на јавни обвинители на 4 од вкупно 5 кандидати им даде позитивна оценка дека го исполнуваат условот да бидат нов државен јавен обвинител.  Позитивни оценки добија актуелна В.Д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителките Лидија Раичевиќ и Ленче Ристоска и судијата во Основниот кривичен суд Скопје, Ненад Савески.

Советот не одлучуваше за 5-тиот кандидат Владимир Панчевски бидејќи поранешниот престедател на скопскиот кривичен суд не ги исполнувал условите.

Листата кандидати ќе биде испратена во владата која ќе утврди конечен предлог и ќе го испрати до Собранието, во чија надлежност е избор на нов државен јавен обвинител.

Претходниот државен обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка истиот ден кога Собранието требаше да одржи седница за негово разрешување и покрај тоа што Советот на јавни обвинители не најде причина за негово разрешување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе