Вести Македонија Топ вести

Оставката на Ристовска утре во Собрание, денеска нејзиниот предмет пред ДКСК

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница ќе разгледа предметите против нивниот член Цвета Ристовска и ќе треба да донесат одлука дали таа криела имот и имала судир на интереси. Ристовска во петокот си поднесе неотповиклива оставка, во која тврдеше дека работела законски.

Утре Собранието ќе ја стави оставката на антикорупционерката на дневен ред, по што ќе се бира нов член на ДКСК.

Од антикорупциската комисија вчера рекоа дека откако сама си дала одлука, сепак исходот е јасен.

  • Државна комисија за спречување на корупцијата: Одлуки ќе бидат донесени бидејќи наша работа е да се постапува по предметите. Ќе одлучуваме и по предметот за можен судир на интереси и по предметот за непријавување на имотна состојба. Сепак крајниот исход е веќе извесен, бидејќи што и да одлучиме ние ќе треба да го известиме Собранието во кое таа веќе даде оставка.

ДКСК по допрен глас ги отвори предметите откако Телма објави дека нејзините синови имаат маркетинг фирми, а една од фирмите земала вкупно 70 илјади евра и од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ во предизборна кампања додека таа била член на ДКСК. Левица пак тврдеше дека и покрај нејзината обврска да ги пријави во анкетниот лист таа тоа не го сторила.

Фирмата на нејзиниот син, Буст ДООЕЛ земала пари за рекламирање од СДСМ и на локалните избори во 2021 година, кога таа била ревизор.

И двете институции каде била вработена Ристовска имаат задача да откријат сомнителни финансирања на кампањите на политичките партии во избори.

Местото на Ристовска како помошник на главниот државен ревизор стои во мирување па сега таа може да се врати во оваа институција.

За Телма од ревизија велат дека се уште не добиле никакво известување дали Ристовска се враќа во нивните редови, но од друга страна велат ги исполнува условите за пензионирање.

Таа заедно со обвинетата претседателка на ДКСК и ревизорка Татјана Димитровска се и изработувачи на извештајот за бонусите на СЈО кои деновиве се користи како дел од кампањата против тамошните обвинители. Левица за неа објави и дека си поставила своја блиска личност за архиварка за да и ги доделува предметите поврзани со актуелни функционери и да има поголема контрола.

Инаку Ристовска уште пред една година и стана позната на јавноста по предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата диплома од приватниот универзитет за туризам каде таа била предавач. Нејзината фотографија во наставен кадар, се уште стои на сајтот на овој универзитет.

Б.Н.

Оставката на Ристовска во среда во Собрание, се враќа ли во ревизори?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе