Собранието во среда ќе ја стави оставката на антикорупционерката Цвета Ристовска на дневен ред, па ќе се бира нов член на ДКСК. Во меѓувреме од комисијата велат дека предметите против неа ќе ги разгледуваат, и ќе донесат одлука дал и таа криела имот и имала судир на интереси. Во државната ревизија спак е уште ја чека местото од каде што дојде, а тоа е помошник државен ревизор.
Државната комисија за спречување на корупцијата утре ќе има седница но нема да одлучува за предметите на нивната колешка Цвета Ристовска. Се уште не се комплетирани материјалите со кои треба да се докаже дали Ристовска криела имот и имала судир на интереси. Од антикорупциската комисија велат дека откако сама си дала одлука, сепак исходот е јасен.
- Државна комисија за спречување на корупцијата: Одлуки ќе бидат донесени бидејќи наша работа е да се постапува по предметите. Ќе одлучуваме и по предметот за можен судир на интереси и по предметот за непријавување на имотна состојба. Сепак крајниот исход е веќе извесен, бидејќи што и да одлучиме ние ќе треба да го известиме Собранието во кое таа веќе даде оставка.
ДКСК по допрен глас ги отвори предметите откако Телма објави дека нејзините синови имаат маркетинг фирми, а една од фирмите земала вкупно 70 илјади евра и од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ во предизборна кампања додека таа била член на ДКСК. Левица пак тврдеше дека и покрај нејзината обврска да ги пријави во анкетниот лист таа тоа не го сторила.
Ристовска си даде оставка во петокот, но во неа тврдеше дека работела законски. Но, фирмата на нејзиниот син, Буст ДООЕЛ земала пари за рекламирање од СДСМ и на локалните избори во 2021 година, кога таа била ревизор.
И двете институции каде била вработена Ристовска имаат задача да откријат сомнителни финансирања на кампањите на политичките партии во избори.
Местото на Ристовска како помошник на главниот државен ревизор стои во мирување па сега таа може да се врати во оваа институција.
За Телма од ревизија велат дека се уште не добиле никакво известување дали Ристовска се враќа во нивните редови, но од друга страна велат ги исполнува условите за пензионирање.
Таа заедно со обвинетата претседателка на ДКСК и ревизорка Татјана Димитровска се и изработувачи на извештајот за бонусите на СЈО кои деновиве се користи како дел од кампањата против тамошните обвинители. Левица за неа објави и дека си поставила своја блиска личност за архиварка за да и ги доделува предметите поврзани со актуелни функционери и да има поголема контрола.
Инаку Ристовска уште пред една година и стана позната на јавноста по предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата диплома од приватнито универзитет за туризам каде таа била предавач. Нејзината фотографија во наставен кадар, се уште стои на сајтот на овој универзитет.
Билјана Николовска
Б.С.
