Државната комисија за спречување корупција отвори постапка за злоупотреба на автобуси во политичка кампања. Директор на јавно сообраќајно претпријатие овозможил промоција на кандидат за градоналаникчалник преку јавниот превоз. Негови фотографии биле залепени на возилата за време на изборната кампања. Антикорупциска не откри за кој град станува збор и за кој од кандидатите.
По проверката од ДКСК утврдено е дека нема склучен договор за издавање на автобусите за овие цели, а бидејќи ДКСК не е надлежна за натамошно постапување таа ќе биде проследена до надлежен орган.
Претседателот на ДКСК Адем Чучуљ реферираше за пријава за жена која била на породилно отсуство, а се кандидирала и станала советник во одредена општина. Комисијата ја отфрли пријавата, во која било наведено дека жената користи средства од државата за породилно отстуство и како советник. Чучуљ посочи дека според нашето законодавство не постои таква забрана и оти тоа не е спротивно на законот.
На денешната седница членовите на Антикорупциска рзгледуаа повеќе предмети за можен судир на интереси и корупција, а дел од нив се однесуваа на актуелни и поранешни градоначалници кои не поднеле навреме анкетни листови за имотната состојба или нејзина промена. Најголем дел од оние за кои имаше оформено предмети, како што беше посочено на седницата, во законски предвидениот рок од осум дена ја платиле предвидената глоба.
