Вести Свет Топ вести

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на разговори за Иран

Специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ќе ја посетат Женева оваа недела за да разговараат за нуклеарната програма на Техеран со иранските преговарачи, потврди денеска Белата куќа.

Американски функционер потврди дека двајцата пратеници, кои се главни преговарачи на Доналд Трамп со Иран, ќе го претставуваат Вашингтон за време на разговорите.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ќе го претставува Техеран, објави претходно неговото министерство. Тој ќе се сретне и со своите швајцарски и омански колеги, како и со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Според Техеран, овие индиректни разговори ќе се одржат утре со посредство на султанот од Оман.

Израелскиот премиер пак  Бенјамин Нетанјаху изјави дека секој нуклеарен договор со Иран мора да вклучува целосно отстранување на збогатениот ураниум од земјата и забрана за понатамошно збогатување. Во обраќање во Ерусалим, тој нагласи дека „целиот збогатен материјал мора да го напушти Иран“ и дека не смее да постои капацитет за ново збогатување.

Изјавата доаѓа во пресрет на новата рунда разговори меѓу САД и Иран во Женева.

  • Претседателот Доналд Трамп  е решен да ги исцрпи можностите за постигнување договор за кој верува дека може да се постигне сега поради создадените околности, проекцијата на сила и фактот дека, како што вели, Иран сигурно ќе разбере дека пропуштил минатиот пат, и тој смета дека постои сериозна веројатност дека нема тоа да го пропуштат овој пат. Нема да кријам од вас дека  го изразив мојот скептицизам за каков било договор со Иран затоа што, искрено, Иран е сигурен во едно нешто, тие лажат и измамуваат, изјави Нетањаху.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

„Поетски портрет“ и „Поетско кафе“ со добитничката на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, Анеке Брасинга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе