Вести Македонија Топ вести

Филипче: Со измените во образование се воведува владина контрола

Претседателот на СДСМ, Филипче излезе со остра критика за предложените измени на Законот за високо образование.

Според него, измените наместо да го унапредат квалитетот, воведуваат владина контрола, ја нарушуваат автономијата на универзитетите и создаваат неправди кон младите асистенти и академскиот кадар.

Тој апелира законот да не се поднесува во оваа форма и најави иницирање јавна расправа со вклучување на стручната јавност.

СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието, ВМРО-ДПМНЕ го решава и овој проблем, велат од партијата на власт.

  • Наместо кон прогрес, СДС е партија ориентирана кон пропаст. Меѓу низата направени катастрофални штети на државата, со Законот за високо образование кој го донесоа во 2018 година предизвикаа драстично намалување на квалитетот на високото образование во Македонија и го избришаа единствениот македонски универзитет од пошироката Шангајска ранг листа. Промени се потребни, тоа е општата констатација на целата научна и академска фела во државата. Тим од над 60 академски професори, експерти и претставници на институции, органи и на студентите, изработија предлог законско решение за кое во тек е јавна дебата. Ниту е конечно, ниту насилно ќе се истурка, како што СДС милува да паничи во јавноста, соопштија од ВМРО – ДПМНЕ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе