Вести Свет Топ вести

По говорот на Рубио – разликите меѓу САД и ЕУ остануваат

Можеби говорот на државниот секретар на САД, Марко Рубио, на безбедносната конференција во Минхен, кај дел од публиката и европските претставници беше пречекан како исчекор за затоплување на односите меѓу Соединетите држави и Европската Унија, но разликите меѓу двете страни остануваат, без разлика на начинот на кој ставовите беа образложени.

Еден ден подоцна, со малку повнимателна проверка на пораките на Рубио, јасно е дека администрацијата на Трамп и натаму останува на своите позиции во однос на прашањата како миграцијата, трговијата и тарифите и тоа што го нарекува климатска измама.

Европските претставници пак кои зборуваа во Минхен, јасно ставија до знаење дека Унијата нема намера да се откаже од своите вредности, вклучувајќи ја и нетолеранцијата на говорот на омраза, научниот факт на климатските промени и слободната трговија.

„Иако говорот на Рубио подобро беше прифатен, пораката беше слична на таа која Венс ја кажа претходната година, подвлекувајќи ја намерата на администрацијата на Трамп да ја преобликува транс-атлантската алијанса и да ги форсира американските приоритети и поглед на светот. Иако Рубио не го спомена Гренланд во својот говор, премиерката на Данска сугерираше дека таа не е сигурна дека кризата завршила“ – вели репортерката на Асосијејтед Прес.

Подиректно кажано, централната порака на САД останува непроменета – кампањата на Доналд Трамп да ја преобликува транс-атлантската алијанса и да ги промовира американските интереси и светогледот нема да запре.

Пред крајот на безбедносната конференција во Минхен, шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, денеска и јасно ја негираше централната теза на ткн американска стратегија за национална безбедност – дека економската стагнација во ЕУ е помала само од наводната реална и многу очигледна опасност од цивилизациско бришење на Европа.

„Спротивно на тоа што некои можеби ќе ви кажат, „воук“ и декадентната Европа не се соочува со цивилизациско поништување. Всушност, народите сѐ уште сакаат да ни се приклучат во клубот и тоа не само жителите на Европа. Кога бев во Канада минатата година, ми беше кажано дека над 40 % од Канаѓаните имаат интерес за придружување на Европската Унија. Значи, листата за чекање е прилично долга. Јас само се надевам дека оние кои чекаа веќе некое време, нема да мора да чекаат уште долго“ – рече Каја Калас, шеф на надворешната политика на Европската Унија.

По својот вчерашен говор, Марко Рубио денеска е во посета на Братислава, а утре ќе ја посети и Будимпешта, земјите чии лидери Фицо и Орбан важат за блиски сојузници на Доналд Трамп, со кого споделуваат сличен светоглед, особено во однос на анти-имиграционите политики и националниот суверенитет.

Покрај блискоста со Белата Куќа, двајцата лидери кои не го прифаќаат откажувањето од руските нафта и гас како начин да се зголеми притисокот врз Москва за завршување на војната во Украина.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе