Вести Код Македонија Топ вести

КОД: Во истрагата за 5 тона марихуана- откриен еден сомнителен камион

Камион кој од внатрешноста на Македонија наводно носел текстилна стока за домaќинство во држава од Западна Европа се истражува како сомнителен транспорт со кој е можно да се транспортирала марихуаната за Србија, открива КОД во вечерашното издание.

Во Србија при претресите кога беа откриени 5-те тона марихуaна биле најдени и предмети кои укажуваат на македонска конекција.

Во КОД вечерва и интервју со двајца соговорници од Србија кои укажуваат на политичко-картелски врски на претставници на српската власт. Анализа на случај кога иако бил откриен недостаток на марихуана во фабрика во струмичко, обвинението било за многу поблаго дело, а не за организиран криминал.

Во тој случај е осомничен и поранешен пратеник.

КОД е по вечерните вести на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе