Вести Свет Топ вести

Рубио со смирувачка порака од безбедносната конференција во Минхен- САД и Европа припаѓаат заедно

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, од безбедносната конференција во Минхен,  испрати денеска пријателски и смирувачки пораки до своите европски колеги за иднината на односите меѓу САД и Европската Унија под водство на администрацијата на Доналд Трамп, порачувајќи дека остриот и премногу директeн тон од некои претходни критики бил со цел да доведе до ренесанса во транс-атлантските односи.

 „Ние сме длабоко загрижени за вашата и нашата иднина и ако на моменти не се согласуваме, овие несогласувања доаѓаат од нашето длабоко чувство на загриженост за Европа со која сме поврзани не само економски, не само воено, туку сме поврзани и духовно и културно. Сакаме Европа да биде силна. Веруваме дека Европа мора да преживее, затоа што двете големи војни од минатиот век за нас служат како постојан потсетник од историјата дека на крајот нашата иднина е и секогаш ќе биде поврзана со вашата“ – изјави американскиот државен секретар, Марко Рубио.

Говорот на Рубио на конференцијата во Минхен, еден од најзначајните геополитички настани оваа година, доаѓа една година откако на истата локација, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, го шокираше присутните со острата критика на европските вредности.

Рубио, на олеснување на своите европските партнери, во подипломатски тон говореше за долгогодишното партнерството меѓу САД и Европа, нотирајќи сепак дека биле направени повеќе грешки во минатото, критикувајќи ги енергетските политики на, како што го нарече, „климатскиот култ“ и масовната миграција.

Но, сепак, Рубио се погрижи да ги намали тензиите во односите со ЕУ, кои особено се зголемија по изјавите и плановите на Трамп за преземање на контролата на Гренланд, островот кој е дел од кралството Данска.

„Во времето на наслови кои прогласуваат крај на транс-атлантската ера, нека биде јасно за сите дека тоа не е ниту наша цел, ниту пак наша желба. Бидејќи за нас американците, нашиот дом можеби е во западната хемисфера, но ние секогаш ќе бидеме дете на Европа“ – рече Рубио.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен изрази задоволство од говорот на Рубио, кого го опиша како добар пријател, но истовремено подвлече дека Европската Унија јасно тргнала на патот на поголема самостојност и помала зависност од САД во поглед на одбранбените капацитети.

„Знаеме дека некои во администрацијата имаат поостар тон за овие теми, но државниот секретар беше многу јасен. Тој кажа дека сака посилна Европа во алијансата и ние во Европската Унија работиме интензивно на ова прашање“ – изјави фон дер Лајен.

Мора да бидеме независна Европа а не Европа која се потпира на некого.

И покрај смирувачките пораки на Рубио, останува фактот дека САД се посветени на трансформација на евро-атлантското партнерство.

По безбедносната конференција во Минхен, Рубио ќе посети и две нации во Централна Европа, членки на Европската Унија, предводени од европскептични популистички влади – Унгарија и Словачка, кои имаа многу поголемо разбирање за реториката на луѓето на Трамп од досегашните традиционални сојузници како Франција, Германија и Обединетото Кралство.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе