Вести Македонија Топ вести

Разумните забелешки за Законот за високо образование ќе се прифатат, а за проблематичните ќе се дискутира, кажа министерката Јаневска

Разумните забелешки за Предлог- Законот за високо образование, што е поставен на ЕНЕР, ќе бидат прифатени, а за проблематичните ќе се дискутира. Ова денеска го кажа министерката за образование и наука, Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање, кои забелешки ќе бидат прифатени по реакциите во јавноста. Според Јаневска , јавната дебата сѐ уште трае и ќе заврши по две недели. Универзитетите до тогаш треба да ги достават нивните интегрирани забелешки. А, од следната седмица, преставници од МОН ќе ги посетуваат универзитетите низ Македонија и ќе разговараат со професорите за Предлог- законските измени за високото образование.

  • Сѐ што сметаме дека е разумно ќе биде прифатено. Сѐ што сметаме дека можеби ќе претставува проблем, ќе биде дискутирано, кажа Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Кратењето на студиските програми со тројца до пет студенти предизвика голем револт во јавноста. Студенти и професори реагираат дека тоа е деструктивен гест во време на хиперпродукција на монолитни дипломи и дека со ваквите политики се брише идентитетот. Реакции имаше и за обврската универзитетскиот кадар кој аплицирал за избор во научно звање, до изборот да објави 3 до 4 научни трудови во списание со инпакт фактор од базите на Web of science или Scopus. Од друга страна, за да нашите универзитети бидат  меѓу првите 1000 на Шангајската листа, треба годишно да објавуваат повеќе од 1200 научни трудови во списанија со инпакт фактор. Нашиот најстар универзитет „ Свети Кирил и Методиј“ годишно продуцира 300 до 500 трудови.

Министерката рече дека нема многу забелешки на законските измени , но дека има неколку спорни членови од законот за високо образование за кои ќе се дебатира.

  • Спорни остануваат неколку членови за кои треба да се договориме и да дискутираме. Но, потенцирам, како што веќе и кажав, ние веќе немаме време да си играме со образование и наука. Немаме време за просечни и потпросечни резултати кои не доведоа во оваа ситуација. Мораме да тргнеме напред, рече министерката Јаневска.

МОН од година во година ги зголемува сумите за образование и наука, дополни министерката. Годинава во образованието се вложени 7 милијарди денари (околу 114 милиони евра), а во науката 773 милиони денари ( 12, 5 милиони евра).

По завршување на јавната расправа, ќе биде донесена конечната верзија на Предлог- Законот за високо образование.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе