Вести Свет

Трамп со порака до Зеленски: Ќе ја пропуштите шансата за мир ако не дејствувате

Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на украинскиот колега Володимир Зеленски дека ќе ја пропушти својата шанса за мир ако „не дејствува“, наведувајќи дека Русија сака да постигне договор.

„Русија сака да постигне договор и Зеленски ќе мора да дејствува. Во спротивно, ќе пропушти голема можност. Мора да преземе чекори“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа, објави „Ен-Би-Си Њуз“.

Се очекува американските, украинските и руските претставници да одржат уште една рунда разговори на почетокот од следната недела во Женева, според американската телевизија.

Трамп го повтори своето предупредување дека Иран ќе се соочи со последици ако разговорите за неговата нуклеарна програма не успеат.

„Мислам дека ќе бидат успешни. А ако не бидат, тоа ќе биде лош ден за Иран“, рече Трамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе