Вести Македонија Топ вести

Предложениот уставен судија отвори прашања за непристрасност

Предлогот на собраниската комисија, професорот Гоце Наумовски, кој е и надворешен советник за правни работи на премиерот Христијан Мицкоски, да биде уставен судија предизвика реакции во јавноста. Додека партиите се препукуваат кој го партизира судството, во јавноста се наметна дилема, не за неговите квалификациите, туку околу прашањето за независноста.

Поранешната судијка во судот во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска упатува на стандардите на ЕСЧП според кои битна е перцепцијата за непристрасност, т.н. објективен изглед. Без да коментира дали Наумовски одговара за позицијата уставен судија, смета дека тоа што е советник на премиерот и предложен е од владеачкото мнозинство, остава впечаток во јавноста дека се предлагаат кандидати блиски до власта.

„Големо е прашањето колку се сака во државата, да се има независно и непристрасно судство. Она што се напаѓаше цело време сегашната опозиција, во суштина сега се прави истото. Самата позиција како совентик упатува на овој стандард за кој што зборував и државата особено во оваа ситуација кога има поплаки за непостоење на незавиност и непристрасност на судството, треба  повеќе да се внимава“, укажува Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во ЕСЧП.

Наумовски е професор на катедрата по римско право на правниот факултет „Јустинијан Први“ и брат е на екс вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски. Вчера, претседателот на комисијата за избори и именувања, Сајковски го предложи и посочи дека има импресивна биографија и кредибилитет за уставен судија и ќе го штити уставот и интересите на граѓаните. Без дискусија и со мнозинство гласови беше утврден како предлог до Собрнаието.

Ако биде избран, ќе седне во испразнетото место на професорката Јадранка Дабовиќ која во декември поднесе оставка. Во мометот тече и оглас за пополнување на уште едно место на судијката Елизабета Дуковска чиј избор го поништи Управниот суд. Предлогот треба треба да го даде Судскиот совет, а може да се пријават судии со над 20 години стаж.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе